ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА

КОНТРОЛОРОТ БОДАЛ ДООЕЛ  СКОПЈЕ

 

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.

Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци податоци  „Службен весник на Република С.Македонија“ бр. 42/20.

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница.

  1. ПОВАЖНИ ДЕФИНИЦИИ

Политиката за приватност на БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за посетители на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.

Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:

  • Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

  • Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

  • Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

  • Ограничување на обработката на податоците

Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

  • Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

  • Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

  • Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

  • Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

  • Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

  • Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

 

  1. НАЗИВ И АДРЕСА НА КОНТРОЛОРОТ

Ул. Благоја Стевковски 4 (Маџари), 1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 2529 644 / +389 2 2529 644 / +389 72 226 003
Е-маил адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Веб страница: https://www.bodal.com.mk 

  1. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Може да го контактирате лицето МАРЕ КОСТОВА, назначено за Офицер за заштита на личните податоци, сна следнава   е-mail адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и/или телефонски број за контакт 072/320-526.

Секој посетител на оваа веб страница или друг субјект на лични податоци, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

 

  1. КАКО ГИ ПРИМЕНУВАМЕ НАЧЕЛАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
  • Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме исклучиво врз основа на Ваша согласност.

  • Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата се собираат и обработуваат за да ви одговориме на прашањата и коментарите кога не контактирате. Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.

  • Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.

  • Точност на личните податоци

Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.

  • Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ води грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 11 од оваа политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.

  • Интегритет и доверливост на личните податоци

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

 

  1. КОЈА Е ПРАВНАТА ОСНОВА И ЦЕЛТА ЗА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ?

Нашата веб страница https://www.bodal.com.mk  собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци како нејзини посетители.

Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку „Контакт форма“ или преку е-маил адреса, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите прашања и коментари. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Доколку сакате да не контактирате, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

  • име и презиме,
  • e-mail адреса.

 

При посетата на нашата интернет страна од страна на серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

 

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку формите поставени на веб страницата, и тоа: „Контакт форма“ е Вашата согласност. Преку „Контакт форма“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите прашања или коментари.

 

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

 6. КАТАЛОГ НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

бр. 1 - ЗБИРКА ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ДРУШТВОТО ги содржи податоците за вработените кои произлегуваат, односно се во врска со работниот однос на вработените во БОДАЛ во согласност со прописите од областа на работните односи и тоа: име, татково име и презиме на вработениот; ЕМБГ;  транскациска сметка, ден, месец и година на раѓање; место на раѓање, пол, место и адреса на живеење, електронска адреса; телефонски број; степен и вид на образование;  степен на стручна подготовка; шифра и опис на занимање; работно време; стаж; траење на работен однос; трудова инвалидност; податок во однос на висината на платата, податоци за работното време, реализирани (нереализирани) работни часови, податоци за привремена спреченост за работа поради болест, повреда или други причини, прекувремена работа, податоци за придонеси и даноци од плата и др.

бр. 2 - ЗБИРКА ЗА  КЛИЕНТИ ги содржи податоците за правните лица - име на фирма, телефонски број, е-маил адреса за контакт, седиште / адреса за достава, број на договор, понуди, пресметки, др. Лични податоци на лицето за контакт од правното лице – име и презиме,  телефонски број, е-маил адреса. Податоци до физички лица како клиенти единствено се собираат при извршена уплата  (истите имаат опција  за плаќање на фискална сметка или преку профактура, по извршена транскација преку банка каде на собираат податоците на купувачот  преку изводот).

 бр. 3 – ЗБИРКА НА НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ ги содржи податоците за физичките лица - име и презиме на ангажираното лице; ЕМБГ; трансакциска сметка за исплата; адреса на живеење, сумата по договорот за услуги.

бр. 4 – ВИДЕОНАДЗОР ги содржи податоците за физичките лица - физичкиот изглед на странките и вработените.

БР. 5 - ЗБИРКА ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ АПЛИКАНТИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ   - ги содржи податоците за физичките лица -име, татково име и презиме на вработениот; ЕМБГ;  ден, месец и година на раѓање; место на раѓање, пол, место и адреса на живеење, електронска адреса; телефонски број; степен и вид на образование;  степен на стручна подготовка; стаж; претходно работно искуство; трудова инвалидност; други податоци што кандидатот ги навел во неговата биографија.

 7.      КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња, нудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата веб страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како посетител или корисник на нашата веб страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

 8.  ДАЛИ ВРШИМЕ ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Серверите на веб страницата БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ се наоѓаат во Холандија со што се врши пренос на личните податоци во ЕУ.

 9.  ВО КОИ РОКОВИ ГИ ЧУВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата на БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.

Личните податоци доставени преку: „Контакт форма“ или пратени преку е-маил адресата за контакт се чуваат најдолго до 12 месеци од денот на доставување на пораката.

 

Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани. Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.

 10. ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Може да користиме трети страни даватели на услуги за обработка на вашите лични податоци.  Овие даватели на услуги може да се лоцирани во и надвор од Европската Унија (ЕУ), Европскиот економски простор (ЕЕП) или  трети земји.

Ние потврдуваме дека овие обработувачи ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на личните податоците за да гарантираат соодветно ниво на заштита на личните податоците, дури и ако личните податоци се пренесени во земја надвор од ЕЕП за која не постои одлука за соодветност на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Преносот на личните податоци на други обработувачи не се извршува, освен во случај кога сме обврзани со закон и преку користење на веб страницата.

 11.  ДАЛИ ДОНЕСУВАМЕ ОДЛУКИ ВРЗ ОСНОВА НА АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ?

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.

 12.  ДАЛИ И НА КОГО ГИ ОТКРИЕМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОН?

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.

Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

 13.  КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

  • Право на потврда

Како субјект на лични податоци (посетител или корисник на веб страницата) имате право да добиете потврда од БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

  • Право на пристап

Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:

  • цел на обработката;
  • категории на личните податоци;
  • корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
  • ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
  • постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;
  • постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
  • кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
  • постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.

Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

  • Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

  • Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

  • Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
  • Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
  • Сте приговарале на обработката;
  • Обработката на личните податоци е незаконита.

 

  • Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
  • обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
  • БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;
  • Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.

 

  • Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање за остварување на Вашите права без одлагање.

За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, може во секое време да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци.

  • Право на приговор

 

Право на приговор врз основа на конкретна ситуација при обработката на вашите лични податоци.

Барање за пристап до лични податоци

Барање за исправка на лични податоци

Барање за бришење на општи податоци

Барање за ограничување на обработка на лични податоци

Барање за повлекување согласност

Образец за приговор

 

  • Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје

https://www.dzlp.mk/

е-mail адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

 14.  ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОВАА ПОЛИТИКА

БОДАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.

 

Барања:

 

Во Скопје, на ден 30.09.2021 година